
Автор: Давиде Фери
Извор на текстот на оригиналниот јазик
Превел: Мара
Падот на ленинизмот (и со него неговите нус-продукти, како што се троцкизмот, сталинизмот, маоизмот итн.) се разбира е дијалектички напредок во филозофска смисла на зборот.
Марксизам-ленинизмот не е решение за капитализмот.
Зошто?
Бидејќи тој користи капитализам, со сите негови долгорочни неопходни негативни последици.
Со ова јас ќе лоцирам 3 теми за да го означам проблематичниот карактер на ленинизмот и во исто време причината за неговиот неуспех и пад:
Наспроти она што името сугерира, марксизам-ленинизмот пред сè не е „марксизам“.
Зошто ова „дрско“ тврдење?
Бидејќи ленинизмот поддржува градуализам, имено, спроведување на буржоаска демократска фаза (со јасни зборови, „капитализам“) како неопходен посреднички чекор кон спроведување на комунизам. Градуализмот бил во голема мера исмеан од самиот Маркс, чии написи водат кон спротивната логика: таа на укинување на противречностите а не нивно насилно одржување, по себе друга противречност.
Градуализмот е вулгаризација на дијалектиката и поопшто на марксизмот поради две главни причини.
Прво, ако некој – како послекапиталистички активист – признава дека рационално стопанско планирање е НАДМОЌНО во споредба со безредието на стоковното производство, тогаш зошто ние би требало да повикуваме на спроведување капитализам, што наложува дијалектичко ПОНИЗОК начин на производство?
Во оваа рамка, бедната свест на ленинизмот безрезервно навестува дека капитализмот е повеќе контекстуално „флексибилен“ и „приспособлив“, што е целосно идеалистички незаснован став како што истакнав во посебна статија за ленинизмот.
Второ, дури со добра верба, ленинист никогаш не би можел да примени „чист“ капитализам со својот градуалистички пристап, туку целосна негова вулгаризација.
Зошто го велам ова?
Бидејќи дури и да сте благонаклонети кон „буржоаско демократската фаза“ (што е убав социјалистички-призвучен збор да се нарече капитализмот), како што се ленинистите, ова не е „буржоаска демократска фаза“ туку „проблематична капиталистичка фаза изменета од присуството на ленинистичка држава“, што станува како субјект така и објект во овој градуализам.
Всушност, врамнотежувајќи ги интересите меѓу работниците и капиталистите, во рамки на слика на невозможен соживот, ленинистичкото Политбиро неопходно расте. Актот на „врамнотежување“ е материјален акт, а не идеален.
Трето, Политбирото мора да се справи со проблемите коишто потекнуваат од овој невозможен соживот, на пример растот на малите слоеви на капиталистичката класа, како богатите селани и трговци[1], го загрозува општественото производство на цела земја и го изложуваат огромното мнозинство на населението на крајности, како што се случи во Советски Сојуз откако Ленин допушти раст на капиталистички стопански односи со помош на политика наречена НЕП (Нова економска политика).
Не случајно, Сталин (вистински ленинист) мораше да врати мило за драго против растечката моќ на оваа паразитска класа, имено, производ на ленинизмот (како самиот Сталин).
Политбирото не е „статичен“ објект, токму како што капиталистичката класа не е.
Како субјекти, тие непрекинато, дијалектички, се прилагодуваат на контекстот, имено, на објектот.
Покрај тоа, одржувајќи ја капиталистичката класа недопрена, Политбирото подлежи на институционализација, сè додека буржоаските членови – законски признаени – не земат учество во политиката на партијата или не влијаат на политичката сфера на „државен капитализам но ајде да го наречеме социјалистичка земја“.
После години, партијата – зголемена како од пролетерски така и од непролетерски членови – нема да биде повеќе истата, во политичко-економска смисла. Не е случајно што сите ленинистички земји/организации (од Америка до Азија) пропаднаа во исто време на многу капиталистички наклонет начин; и завршија без да даваат отпор на сочното искушение на капиталот (како што мало дете не одбива бонбонче).
Некој ленинист би спорел: ни треба „градуализам“ во историјата! Прекрасно.
Јас велам: глупост, чиста глупост, или ако сакате… „антидијалектично резонирање“.
Мразот може да стане „пареа“ со физичка промена; ние не мораме да постигнеме течна состојба „насилно“ за да добиеме пареа.
„Градуалистичката“ логика на ленинизмот, којшто го меша „историскиот материјализам“ со „дијалектички материјализам“ на најнедијалектичкиот и човечки опасен начин, е наивен дури во рамки на капиталистички говор:
Капиталистот, кој сака да приватизира племенска област и да го преобрази неговото население во наемен труд, не треба прво да го преобрази племето во „робови“ и потоа во „феудален кмет“, според историско-материјалистичките фантазии на ленинизмот, што го вулгаризира Марксовиот општ приказ на историскиот развој на западна Европа.
Режимот на Ленин не ги укина противречностите на капиталот и наемниот систем.
Работниците само ги контролираа средствата за производство, но не ги поседуваа; како сопственици на фабрики им беше овозможено да управуваат во СССР.
Спротивно, режимот на Ленин – со помош на синдикатите – ги обезхрабри нападите врз приватната сопственост од страна на пролетерите.
Вреди да се истакне дека првиот декрет на болшевиците беше оној кој ја бранеше приватната сопственост, како што Mattick посочи. Мора да потсетиме дека самиот Ленин го обележи државниот капитализам „како џиновски чекор напред“ на најнедијалектичкиот начин и овозможи капитализмот да напредува за долготраен временски период преку НЕП (Нова економска политика), што произведе НЕП-овци и ја зголеми моќта на кулаците, подоцна ликвидирани од Сталин со помош на бирократијата.
Како што претходно е дискутирано, политичката авангарда со социјалистичка свест едноставно не може да реши да спроведе чист „државен капитализам“, како што Ленин веруваше.
Едно нешто е тактички да се занимава со парламентарна политика во рамки на капитализам за да се воздигне положбата на работничката класа, друго нешто е да се поддржува приватна сопственост после револуцијата и да се промовира капиталистички политики; за да потоа се заврши со создавање на огромна бирократска машина.
Ова е она што ленинистите никогаш не го зеле сериозно предвид.
Зошто таканаречената надмоќна историска свест на ленинизмот, навидум свесен за практичните бескрајни предности на стопанското планирање, потпаѓаат на детското искушение на одобрување беден државен капитализам?
Можеби бидејќи ленинизмот не е надмоќна свест.
Едноставно верува дека претставува тоа.
[1] Политички и економски влијателните буржоаски трговци беа парадоксално нарекувани „НЕП-овци“ во СССР, како производи на Лениновата НЕП.