Гладта што уби 7 милиони Американци
февруари 24, 2012 од peoplesfriends
Автор: Борис Борисов
Извор на текстот на оригиналниот јазик
Превел: Мара

Историјата на САД содржи сериозно злосторство против својот народ – Големиот Американски Голодомор од 1932-33, кој чинеше животи на милиони луѓе. Историчарот Борис Борисов сугерира дека САД не треба да ‘и предаваат лекции на Русија за Голодомор во Украина, туку да учат од својот Голодомор.
Соединетите Американски Држави постојано се обидуваат да ни ги предаваат „лекциите од Голодомор“.
„Посебна комисија, создадена од Конгресот на САД во 1988, дојде до заклучок дека за време на периодот на Голодомор 25 проценти од украинското население – милиони луѓе – беа намерно уништувани од советската влада преку геноцид, а не умреле само како резултат на општа глад.“
„На 20 октомври 2003, Претставничкиот дом на Американскиот Конгрес прифати резолуција за Голодоморот од 1932-33 во Украина, тврдејќи дека ова било дело на терор и масовно убивање, насочено кон украинскиот народ.“
„Во ноември 2005, Претставничкиот дом на Американскиот Конгрес прифати резолуција којашто им дозволува на украинските власти да изградат комеморативен споменик на жртвите од Голодомор и да го признаат.“
„Оваа година (2008) Конгресот на САД може да земе предвид нова резолуција за Голодоморот од 1932-33 во Украина.“
Овие новини ги чинат насловите. Тие се повторувани од печатот пред да поминат на ТВ или низ законски структури. На овој начин тие се присилени на милиони луѓе ширум светот.
Но, се покренува прашање кога ние слушаме такви вести – зошто Конгресот на САД обрнува толку многу внимание на нешта што се случиле пред 75 години во далечна земја? Зошто добро информираните Американци не протестирале тогаш, во 1932-33?
Дали тоа е само политички интерес поради влијанието на Русија на после-советската територија, или обид да се разделат Русите и Украинците засекогаш, што ги искушува Американците повторно и повторно да ја повторуваат фашистичката пропаганда на Гебелс во 1930-те: дека „милиони Украинци биле намерно уништени од советската влада“?
Крајното сочувство и праведност почувствувани од страна на американските конгресмени се едвај вистински – само обидете се да пронајдете барем една резолуција на Конгресот (една, не три) во којашто геноцидот врз домородните Американци чесно се нарекува геноцид, или барем „масовно уништување“. Иако дури повеќето луѓе што ја населувале територијата на САД биле поништени целосно и нивниот вкупен број бил радикално намален.
Американската историја бележи друго злосторство против својот народ – Големиот Американски Голодомор, исто така во 1932-33, кога САД изгубиле милиони граѓани.
Вие нема да најдете никакви критички резолуции за тоа, како што нема да најдете ништо за геноцидот врз домородниот народ. Американските политичари не даваат раздразливи говори на темава, не се изградени „комеморативни споменици“ да се одбележи годишнината од масовното уништување. Споменот за ова е скриен во лажни статистички извештаи, во архиви, исчистени од сите докази за злосторство, припишано на „невидливата рака на пазарот“, прикриен со песни во величење на генијот на претседателот Рузвелт, и радоста на работата на заедницата, организирана од него – што не е различна од суштината на гулазите или изградбата на Балтичкиот морски канал.
Се разбира, според американската верзија на историјата „милиони мажи, жени и деца станале жртви на злосторничкиот и суров тоталитарен поредок во Советскиот Сојуз“. Американската историја не може да биде опишана со овие термини.
Ајде да го побиеме овој мит, користејќи американски извори.
Каде се седумте милиони луѓе?

Статистиките од 1932 беа уништени или многу добро скриени. Тие баш не постојат. Не е дадено објаснување. Да, тие се појавуваат подоцна, во статистички извештаи како ретроспективни дијаграми. Внимателниот истражувач исто така ќе биде изненаден проучувајќи ги овие дијаграми.
Прво, ако им верувате на американските статистики, во 10-те години од 1931 до 1940, 8 553 000 луѓе биле изгубени. И она што е интересно е што бројките на зголемување на населението се променуваат за момент до 2 пати – точно на границата меѓу 1930-31. Тие паѓаат и остануваат на ова ниво за 10 години. И баш изненадно, деценија подоцна, тие се зголемуваат. Нема објаснување за ова во обемниот извештај на Американското министерство за трговија „Статистичко резиме на САД“. Иако дури извештајот е полн со коментари за други помалку значајни прашања.
Прашањето едноставно е избегнато. Нема спорно прашање.
Секој одговорен демографичар независен од Американското министерство за внатрешни работи или Мосад ќе ви рече дека непосредна двојна промена во динамиката на населението во држава со население од сто милиони жители е само можна во случај на масовно умирање.
Можно е луѓето да се преселиле, да мигрирале, да избегале од ужасните услови на Големата депресија. Да употребиме точни и детални податоци за имиграцијата кон/од САД и миграцијата на населението – што може да биде лесно проверено со споредување на податоци за други држави. За жал, статистиката за имиграција не може да ја докаже оваа верзија. Во екот на Големата депресија, повеќе луѓе ја напуштиле земјата отколку што ја населиле – веројатно, за првпат во историјата на САД. Во 1930-те, 93 309 повеќе луѓе ја напуштиле земјата отколку што ја населиле; за време на 10 години претходно бројот на луѓето кои ја населиле земјата го надминал бројот на оние кои ја напуштиле до 2 960 782. После исправка, демографската загуба во САД за време на 1930-те е 3 054 000.
Сепак, ако ние ги земеме предвид сите причини, вклучувајќи ја и миграцијата, треба да додадеме уште 11.3% кон падот на населението во 1930-те поради зголемувањето на населението во 1920-те и демографскиот основен раст.
Според пресметките, во 1940, американското население требаше да изнесува барем 141 856 000 луѓе, со оглед дека претходната демографска тенденција беше одржана. Но, во стварноста во 1940 населението беше 131 409 000, 3 054 000 од кои може да бидат објаснети со промената во динамиката на миграцијата.
Според тоа, 7 394 000 луѓе после 1940 всушност се отсутни. Нема официјално објаснување за овој факт. А јас претпоставувам дека тоа никогаш нема да биде дадено. Но, дури ако тие се појават, ситуацијата со уништувањето на статистичките податоци за 1932 и видливите траги на лажно претставување на најпоследните извештаи за тој период не ‘и даваат на владата на САД право да го коментираат спорното прашање.
Сепак, Американците не се единствените во својата желба систематски да ги уништуваат штетните информации и да ги кријат загубите на население поради глад. Ова е наследно својство на англо-саксонската политика што потекнува од Британската империја. Во 1943 британската влада не го спречи изгладнувањето во Бенгал, како резултат на што преку 3.5 милиони луѓе умреа, а пред тоа тие сосема успешно ја изгладниле Ирска.
Организацијата на масовно изгладнување во Индија беше одговор на британската влада кон бунтот од 1942 и поддршката на населението за „Индиската национална армија“. Но, вие нема да најдете таква информација во британските извори за тие години. Само откако Индија придоби независност стана можно да се собираат и да се објавуваат овие материјали. Инаку чудовишниот Британски Голодомор од 1943 никогаш немаше да излезе на површина. Сите факти и докази ќе беа скриени или уништени, како што се случи со материјалите за жртвите на Големата депресија. Всушност сите колонијални сили имаат слични костури во орманот.
Само кога САД ќе пропаднат ние ќе бидеме способни да дознаеме многу интересни факти за злосторствата на американската влада против својот народ, вклучувајќи го и геноцидот врз локалното население на континентот. И можно е добро информираниот читател да биде изненаден од тоа колку мудриот Рузвелт е споредуван со злобниот Сталин – баш како што сме изненадени сега од тоа како еден владетел од сурово и древно време е славен на сметка на друг, кога знаеме дека сите тие имале крв на своите раце.
Но, ние живееме денес, кога чудовишниот Сталин кој изгладнуваше цели нации е соочен со славен и блескав Ангел на Доброто со етикетата „Made in the USA“, што е очаен врисок за милионите намерно изгладнети во Украина. Како Конгресот дојде до бројот на жртвите на Голодомор? Тоа не е лесна работа. Истражувачите на Голодомор често се жалат за недостиг на статистички податоци, дека се нецелосни, и дека бројот на умрени од глад треба да биде пресметан со користење на системот што ние го применивме овде.[1] Врз основа на овие пресметки, Конгресот на САД и неговите следбеници редовно прифаќаа нови резолуции обвинувајќи ги СССР, Русија и комунизмот за создавање милиони жртви.
Суштината на пресметките дадени горе ги предизвикува САД да применуваат исти принципи за својата историја. А тврдината на демократијата и човековите права не успева да го прифати тоа.
Па, дами и господа:
Каде се 7 394 000 луѓе кои исчезнале од статистичките извештаи од 1930-те?
Сепак, ние го знаеме одговорот.
Потеклото на Големиот Голодомор

Почетокот на 1930-те беше вистинска човечка катастрофа во САД. Во 1932, бројот на невработени достигна 12.5 милиони луѓе. Вкупното население на САД вклучително и децата и старите луѓе било 125 милиони. Врвот на невработеноста бил достигнат во 1933 кога бројот на невработени достигна 17 милиони; кога ќе ја додадете таа бројка кон членовите на семејството без работа, се мери со бројот на невработените во Британија и Франција заедно!
Кога во 1930-те советското претпријатие „Амторг“ огласувало работни места во СССР со мала советска плата, пристигнале повеќе од 100 000 (!) барања од Америка. Изгледа како секој втор американски граѓанин (меѓу оние кои го прочитале огласот на „Амторг“) да поднесувал барање.[2]
За време на екот на стопанската криза секое трето лице било отпуштено. Делумната невработеност станала вистинска катастрофа. Според Американската федерација на трудот, во 1932 само 10% од работниците биле целосно вработени. Законот за осигурување при старост и невработеност бил прифатен само во 1935, пет години по почетокот на кризата, кога главниот дел од оние кои „не се совпаѓаа на пазарот“ веќе умреле од глад.
Сепак, осигурувањето не ги заштити интересите на земјоделците или другите категории на вработени.
Ретроспективно немало осигурителен систем во земјата во екот на кризата – што значи дека луѓето можеле само да се потпираат на себе. Помош за невработените почнало да се дава во средината на 1933. Власта немала федерална програма против невработеноста и проблемите на невработените биле оставени да ги решат државните власти и општините. Сепак, скоро сите градови банкротирале дотогаш.
Скитниците, сиромашните, вклучително бездомните деца, станале симбол на тој период. Се појавуваа опустушени градови и напуштени градови како што луѓето заминале во потрага за храна и работа. Околу 2.5 милиони луѓе ги загубиле своите домови и биле исфрлени на улици.
Започнало општа глад во градовите. Дури во просперитетниот и најбогатиот дел на земјата, Њу Јорк, имало масовна смрт од глад. Градските власти започнале да им даваат бесплатна супа на бездомните.
Еве сеќавања на едно дете од тоа време:
„Ние ја променивме нашата вообичаена омилена храна со порасположлива, наместо зелка користевме листови од џбун, јадевме жаби, за еден месец и мајка ми и постарата сестра умреа“ (Jack Griffin)
Сепак, не сите државо можеа да си дозволат бесплатни супи за секој.
Чудно е да се гледат фотографиите на тие долги редови за подвижни кујни: угледни лица, пристојни алишта, уште не изабени – типично средна класа. Како да тие ја изгубиле работата само вчера и побрзале на тротоар. Немам со ништо да ги споредам, освен можеби фотографиите од Берлин ослободен од Црвената армија, каде што „руските окупатори“ ги хранеле мирните граѓани кои преживеале. Но, очите на овие слики се различни: во нив има надеж дека лошото завршило. „Разрушената Германија“ – ова е нешто.
Механизмот на измама

Морталитетот кај децата се изделува во демографската загуба. Бидејќи немало внатрешен патен систем или регистар на жителство, лесно било да се прикрие морталитетот кај децата едноставно со негово нерегистрирање. Дури денес не е во ред со стапките на морталитет кај децата во САД (на пример тој е повисок од тој во Куба), а во просперитетната година 1960, 26 на секои 1000 бебиња умирале за време на првата година од нивниот живот. Освен тоа, стапката на морталитет на афро-американските деца достигна 60 на секои 1000 во најпросперитетното време.
Интересно е да се истакне дека официјалните американски статистички податоци не покажуваат зголемување, туку намалување (!) на населението во 1932-33. Ова е разјаснето со повеќе од 5 милиони бегалци, 2.5 милиони кои ги изгубиле своите домови и 17 милиони невработени – што дефинитивно го докажува лажниот карактер на официјалната статистика на САД за тој период. Тие кои ја фалсификувале американската статистика во тој период претерале во тоа до таков степен што во екот на кризата во 1932-33, тие ги прикажаа стапките на морталитет пониски од просперитетната 1928 година.
Записите за морталитетот во државите се поимпресивни: Washington D.C. покажува 15.1 смртни случаи за секои 1000 луѓе во 1932, потврдувајќи дека морталитетот растел. Пресметката била направена за главниот град и затоа податоците изгледаат автентични.
Но, морталитетот во Северна Дакота во кризната година 1932 е наводно 7.5 лица на 1000 – двапати понизок од оној во главниот град и понизок од тој во Северна Дакота во просперитетната 1925 година! Јужна Каролина несомнено стана шампион во лажење: за трите години 1929-32 ги промени бројките на стапката на морталитет од 14.1 на 11.1 за секои 1000 лица.
Според извештајот, ситуацијата со морталитетот кај децата во државата во екот на депресијата се подобрила доволно во споредба со просперитетните години. Од овие извештаи добиваме импресија дека стапките на морталитет кај децата во 1932-33 дека се најниските во целата историја на статистиката во САД од 1880-1934.
Дали вие сè уште верувате во овие бројки?
Колку деца умреле?

Каде се 5 573 000 луѓе?
Американската статистика за 1940 содржи податоци за возрасна распределба на преживеаните деца. И, ако во 1940 бројот на луѓе родени во 1920-те бил 24 080 000, истиот демографски тренд требало да продолжи во 1930-те и да достигне барем 26 800 000 деца. Но, во 1930-те има очигледен недостиг од 5 573 000, не помалку! Можеби имало пад на стапката на родени. Но, дури во 1940-те, за време на Втората светска војна, наспроти сите загуби и милиони регрутирани во војска, стапката на родени се вратила на скоро истото ниво. Џиновските загуби на населението од 1930-те не може да се објаснат со било какво „опаѓање на стапката на раѓање“. Тие беа резултат на многу дополнителни смртни случаи, лузни оставени од милиони загубени животи, црниот белег на Големиот Американски Голодомор.
Ние исто така можеме да ги користиме овие бројки да го пресметаме вкупниот ефект којшто гладта ја имала врз американското население како разлика меѓу падот на бројот на родени луѓе во 1930-те и вкупното намалување на населението. Возрасното население се разбира не можеше туку така „да не успее да се роди“! Ние можеме дефинитивно да речеме дека имало барем 2 милиони починати луѓе над 10 годишна возраст, а околу половина од 2.5 милиони починати деца може да биде поделена меѓу морталитетот и природен пад на стапката на родени.
Според тоа, ние можеме се разбира да кажеме дека имало околу 5 милиони жртви на Голодомор од 1932-33 во САД.
Било забележена екстремно висока стапка на морталитет меѓу американските етнички малцинства. Тие никогаш не добила грижа во САД, туку она што се случи за време на Големата депресија се граничи со геноцид. Бидејќи после првиот геноцид над домородното население, којшто траел скоро до раниот 20-ти век, во 1920-те популацијата на етничките малцинства и староседелци се зголемила до 40 проценти. Потоа таа опадна драстично од 1930 до 1940. Ова може да значи само едно нешто: во раните 1930-ти етничките малцинства загубиле значаен процент од нивната првобитна популација.
Ако тоа не е геноцид, тогаш што е?
Лишување од сопственост во американски стил: Од „кулаци“ до канџите на американскиот Берија

Скоро секој во Русија, благодарение на телевизискиот репортер и политички коментатор, Николај Сваниѕе, знае за околу двата милиони „кулаци“ – богати руски фармери лишени од имот и преместени од страна на комунистите (кои ги нарекувале „посебни мигранти“). Всушност, „кулаците“ добиле или земја или работа во областите каде што биле пратени. Но, малку луѓе знаат за петте милиони американски фармери (околу еден милион семејства), кои во исто време биле избркани од нивната земја поради долгови кон банките. Тие не добиле ништо од владата на САД – ниту земја, ниту работа, ниту социјални бенефиции, ниту пензии – ништо.
Ова е лишување од сопственост во американски стил – дури ако „е оправдано со потребата да се зајакне земјоделието“ – и може навистина да се спореди со протерувањата кои се случиле во СССР во точно исто време, на исто ниво и дури да се одговори на истите економски предизвици, како потребата да се развие и механизира земјоделието, и да се зголеми неговата продуктивност за време на предвоениот период. Еден на секој шест американски земјоделци станал жртва на парниот ваљак на Голодоморот. На луѓето им била ограбувана земјата, парите, нивните домови и имотот. Сето тоа било заразено со масовна невработеност, глад и криминал.
Оваа огромна, резервна популација станала катализатор за Рузвелтовата политика на Нов Договор. За време на 1933-39, повеќе од 3.3 милиони луѓе учествувале во јавни работни задачи, како изградба на канали, патишта и мостови во ненаселени и мочуришни области. Тие биле организирани од Управата за јавни дејности (PWA) и Управата за граѓански дејности (CWA). Сè на сè, повеќе од 8.5 милиони луѓе – освен робијаши – учествувале во американскиот ГУЛАГ.
Работните услови и бројките на морталитет сè уште треба да бидат проучувани внимателно.
Величењето на мудроста на г-дин Рузвелт, кој започнал јавни работи, е прилично истото што и величењето на мудроста на г-дин Сталин, кој ја почнал изградбата на каналот на Москва и други големи проекти од комунистичката доба. Всушност, систематската сличност меѓу двата лидери беше забележана од страна на републиканците во 1940-те: тогаш тие го критикуваа Рузвелт за неговиот „комунистички“ пристап.
Има друго нешто што ја објаснува скоро страшната сличност меѓу PWA и ГУЛАГ. Управата беше под раководство на никој друг туку на „американскиот Берија“, министерот за внатрешни работи Харолд ЛеКлер Икс[3], кој, почнувајќи од 1932, испратил повеќе од два милиони луѓе (!) во кампови за невработени младинци. Нивната месечна плата била 30 долари, од кои тие биле обврзани да ‘и платат на државата 25 долари.
Пет долари за еден месец на исцрпувачки труд во мочуриште со маларија. Достојна награда за слободни граѓани на слободна земја.
Државата ја уништува храната: бенефит за пазарот, повеќе ропски труд за гладните

Владата на САД исто така била обвинета за систематско уништување на големи количества на државни залихи на храна за да ги задоволи интересите на земјоделското бизнис лоби, и сето тоа се случувало наспроти присутната масовна глад и смртни случај кај „вишок“ популацијата. Се разбира, владата само користела „пазарни методи“. Храната била уништувана на бројни начини и во голем размер: житото било палено и исфрлено во океанот. На пример, 6.5 милиони свински грла биле уништени, а 10 милиони хектари на зрели култури биле изорани. Целта не била чувана во тајност. Целта беше да се удвојат цените на храната, во интерес на земјоделскиот капитал. Се разбира, тоа во целост им одговараше на интересите на главните капиталисти во земјоделието и акционерите, но не беше многу популарно со гладните маси. „Маршевите против невработеност“ за време на Хувер станале дел од секојдневниот живот дури во најголемите градови на Америка. Но, она што Рузвелтовиот Нов Договор придонесе беше повеќе профит за капиталистите, и јавни работи во ГУЛАГ за гладните. На секој неговото.
Сепак, владата на САД никогаш стварно не се грижела за својата популација која умирала од изгладнетост – не како жртвите на други „голодомори“, или општа глад, кои можеле да бидат искористени за да се постигнат политички цели.
„Јас не се плашам за иднината на нашата земја. Таа е светла со надеж“, рекол претседателот Хувер спроти Големата депресија. И ние не се плашиме за минатото на САД – според верзијата на САД – како што никогаш не треба да се сомнева во жената на Цезар.
Важно е да се истакне дека до 1988, кога беше создаден комитет за истражување на „Украинскиот голодомор“ во Конгресот на САД, Америка не се обиде да го рекламира повеќе ова прашање, како другите прашања од „Златната збирка на Гебелс“, како Катин или „воено разрушената Германија“. САД знаеле дека тие имаат свој изгладнет до смрт скелет во орман, а идеолошкиот противудар од Советскиот Сојуз би бил брз и прецизен, и ова ќе беше битка што Америка никогаш немаше да ја добие. Длабочината на демографската дупка од 1930-те во СССР и САД беше совршено споредлива. Нивното взаемно молчење за ова лизгаво прашање беше дел од правилото на молчење за време на Студената војна. Вашингтон почна единствено да зборува јавно за Украинскиот голодомор во 1988, откако придоби група на високорангирани агенти во Кремљ предводени од Михаил Горбачов, со либералниот Јаковлев кој го замени „железниот човек“ Суслов како идеолошки колега, и знаејќи дека Советите нема да возвратат удар. Тоа беше совршено време.
Ние не можеме да очекуваме дека САД ќе ги објават сите факти за нивниот личен голодомор, и да ги објават архивските документи и признанија, како оние иницираните – и, веројатно, фабрикувани – во 1980-те од тимот на Горбачов под слоганот „обнова на историската вистина“. Нема надеж дека правдата ќе биде обновена пред да пропадне Западната империја на злото. Криењето на вистината за Големиот Американски Голодомор е политика на американската политичка елита, како на демократите така и на републиканците. И Хуверовата и Рузвелтовата влада имаат еднаква вина за масовните смртни случаи во 1930-те. Секој е одговорен за милиони починати предизвикани од безмилосната политика. Ова е причината што политичкиот систем на САД е соединет во своето негирање на Американскиот Голодомор и многуте милиони смртни случаи што ги предизвика. Активистите за човекови права исто така гневно ќе го негираат, активисти кои се на платен список на Американското министерство за внатрешни работи и се дел од системот. Но, историската вистина ќе излезе – порано или покасно.
[1] Еве пример за тоа како стапката на морталитет се менува при услови слични на Големата депресија, економската криза од 1991-1994 во Русија (овде, нема сомнеж во сигурноста на овие бројки). Бројот на смртни случаи меѓу луѓето во Русија: 1991 – 894 000 луѓе, 1994 – 1 226 400 луѓе (ова е 37% зголемување). (Цифри според Анатоли Вишневски и Владимир Школников, „MORTALITY IN RUSSIA“, Moscow, 1997.)
[2] Статистичарите нè известуваат дека во овој период илјадници инженери и квалификувани работници од Европа и Америка заминале во СССР за да ги помогнат новите индустриски претпријатија и да обучуваат нова генерација на советски техничари. Во согласност со една пресметка, во 1932 година, 42 230 странски работници биле вработени во СССР, најмногу од нив квалификувани работници. – Заб. на Мара.
[3] Харолд ЛеКлер Икс, 1874-1952, копијата на неславниот советски шеф на ГУЛАГ, Лаврентиј Берија (Тој може да се нарече шеф на АМЕРИКАНСКИ ГУЛАГ), министер за внатрешни работи (1933-1946) во владите на Франклин Д. Рузвелт и Хари С. Труман. Тој е оној кој подоцна, храбро и бргу, со помош на Армијата на САД ги затвори американските етнички Јапонци во концентрациони кампови (1941-42). Првата фаза на операцијата траела само 72 часа. Вистински професионалец, достоен на своите советски копии Јежов, Берија и Абакумов.
3 Responses to “Гладта што уби 7 милиони Американци”
Напишете коментар
You must be logged in to post a comment.
A еве како стојат работите споед UN “The Right To Food– Commission on Human Rights Според ОН Комисија за човекови права Резолуцијата 2002/25
==36 милиони луѓе гладуваат до смрт секоја година и покрај фактот дека во светот во моментов се произведува доволно храна за да ги нахраниме сите
== Во согласност со организација за храна и агрокултура на Обединетите нации извештајот од 2008 година кажува дека во светот би можело да се произведе двојно повеќе храна.
==Тоа значи дека, бидејќи капитализмот има таков нефер ( неморален и неетички нечовечки) систем на дистрибуција и на богатите земји им овозможува крадење на средствата од сиромашните земји, бројките за смртта од глад, кои лесно можат да се спречат е
еквивалент од 6 нацистички холокаусти секоја година
!!!!
Еднен пример за ова е проценката ( многу конзервативна проценка) дека Африка изгубила $ 854.000.000.000 во недозволени финансиски текови на богатите земји во периодот 1970-2008. Ова е многу конзервативна проценка па дури какао таква далеку го надминува износот на помошта (вклучувајќи ја и воената помош – што е поголемиот дел од помошта за Африка) што стигна до Африка во тоа време. Овие нелегални парични текови се резултат на економска експлоатација на Африка (во овој случај на глобално ниво)
Единствен разумен заклучок е дека најсиромашните луѓе се експлоатирани од најбогатите луѓе, кои се прават огромни профити врз основа на таквата експлоатација. Светската банка проценува дека во 2005 година повеќе од половина од светската популација живееле на помалку од 2 $ на ден. Во исто време во списанието Форбс се кажува дека имало 793 милијардери во светот со вкупно богатство од повеќе од US $ 4 трилиони долари.
Ова само кажува дека структурните нееднаквост во капиталистичкото современо општеството го продуцира јазот меѓу богатите и сиромашните кој се продлабочува до размеро на смрт од глад за сиромаштијата во интерс на профит на најбогатите.
Ниту во денешни САД ситуацијата со прехраната на милиони граѓани не е многу различна од таа во афричките земји. Владата на САД ги спаси банките кои се „преголеми за да банкротираат“, но ниту со прст не помрдна да им угоди на граѓаните. Системот е во функција за капиталот, но не и за граѓаните. Сега 45 милиони Американци се премногу сиромашни за да набават пари за основни продукти. Околу 14 милиони и 700 000 деца во САД или околу 20 проценти од децата се сиромашни (Во постот „Жртвите на капитализмот“ бројката е 12 милиони но е пред неколку години што е зголемување за 2 ипол милиони – зголемување што не е непосреден резултат на капиталистичката криза од 2007 туку неколку години пред да се случи). Се‘ додека стоковно-паричното производство не се укине, оваа сурова поларизација ќе продолжи да се радикализира.
Конкретно за САД според
http://www.bread.org/hunger/us/
- 36.300.000 луѓе – вклучувајќи ги и 13 милиони деца – живеат во домаќинства кои се на граница на глад. Ова претставува 11,2 проценти во САД и претставува зголемување од 1,4 милиони, од 34,9, милиони во 2002 година.
-3,5 Отсто од американските домаќинства гладуваат. Некои луѓе во овие домаќинства често ги прескокнуват оброците или јадат многу малку, а понекогаш се случува да останат без храна целиот ден.
9,6 милиони луѓе, вклучувајќи 3 милиони деца, живеат во овие домови.
Сум престојувал во САД. Социјалниот мир САД го обезбедуват со произвидство на генетски модифицирана храна која е многу ефтина.таа носи повеќе од одлични профити на прехранбената индустрија а и владата на САД се чини дека е безгрижна. ( а сепак и вака ефтината ГМ храна е тешко достапна за оние 9.6 милони луѓе во САД кои гладуваат)
Генетски инженеринг претставува голема опасност бидејќи многу од штетните ефекти на генетскиот инженеринг се неповратни како по човечкото здравје така и по човечкота околина. Таа полека доаѓа и кај нас пред све во форма на ГМ соја која се употребува во месопреработвачката индустрија
И уште нешто би допишал
Сум разговарал со луѓе од Филипини. Таму употребата на метамфетамин е речиси масовна. Метамфетаминот меѓу другите ефекти има ефект да предизвика аверзија спрема храната. Моите пријатели под Филипини ми објаснија дека таму оваа дрога е многу ефтина и се злоупотребува за да се избегне чуството на глад. Или со други зборови поефтино е да се купи една доза од оваа дрога отоколку храна за неколку денови. Ова е навистина тажно.