Борбата на жените и класната борба (четврти дел)
март 15, 2010 од peoplesfriends
Темел за еманципација на жените
Енгелс објаснува во „Потеклото на семејството, приватната сопственост и државата“ како се случил во светот историскиот пораз на женскиот пол што работата на жените го изгубила својот јавен карактер. Во истовреме тој објаснува како капитализмот за првпат го променило ова. Под капитализам целото семејство е повлечено во производство, а додека на друга страна тоа претставува двострано бреме за жените и со платеното работно место и со работата дома, па тоа исто така ја поставува основата за ослободување на жените. Низ работата жената станува дел од работничката класа и оттука класната борба.
„Не е ништо подобро ни со правната рамноправност на мажот и жената во бракот. Нивната правна нееднаквост, која сме ја наследиле од пораните општествени односи, не е причина, туку последица на економското угнетување на жената. Во старото комунистичко домаќинство, кое опфаќало многу брачни парови и нивните деца, задачата доверена на жените за водење на домаќинството била јавна и општествено нужна работа колку и снабдувањето животни продукти од страна на мажите. Ова се променило со патријархалното семејство, и уште повеќе со моногамното семејство. Водењето домаќинство го изгубило својот јавен карактер. Тоа повеќе не се интересирало за општеството. Тоа станало приватна служба; жената станала прва слугинка, исклучена од учеството во општественото производство. Дури крупната индустрија на нашата доба повторно го отворила патот во општественото производство – и тоа само за пролетерките. Но, тој бил отворен на таков начин што доколку таа ги исполнува своите должности во приватната служба на своето семејство, останува исклучена од општественото производство и неспособна да заработува; и ако таа сака да учествува во општественото производство и да заработува независно, не може да ги спроведе семејните должности. А положбата на жената во фабриката е положбата на жените во сите работни гранки, сè до лекарството и адвокатурата. Современото индивидуално семејство е засновано на отворено или прикриено домашно ропство на жената, а современото општество е маса којашто се состои од овие индивидуални семејства како негови молекули.
Денес во голем мнозинство на случаи, барем во имотните класи, мажот мора да биде оној кој заработува за живеење и издржува своето семејство, а тоа му дава положба на господар на кого не му е потребно никакво посебно правно овластување. Тој е во семејството буржуј, а жената претставува пролетаријат. Во индустрискиот свет, меѓутоа, специфичниот карактер на економското угнетување што го терети пролетаријатот е видлив во сета своја острина само кога сите посебни законски привилегии на капиталистичката класа се укинати и кога е воспоставена целосна законска еднаквост на двете класи. Демократската република не ја укинува спротивноста на двете класи; таа, напротив, пружи тло на кое со борба ќе се реши спротивноста. А на ист начин, специфичниот карактер на владеењето на мажот над жената во современото семејство, неопходноста од создавање стварна општествена еднаквост помеѓу нив, како и начинот да се направи тоа, ќе излезат на полна светлина на денот дури тогаш кога двете страни ќе бидат правно потполно рамноправни. Тогаш ќе се покаже дека за ослободување на жената прв предуслов е повторно воведување на целиот женски род во општествената индустрија, а дека ова пак бара укинување на моногамното семејство како економска единица на општеството“ (Енгелс, „Потеклото на семејството, приватната сопственост и државата“).
Во Данска, делот на жените од работната сила се зголемила од доцните 1960-тите години до денес. После Втората светска војна имало долго закрепнување на капитализмот, со енормен развој на производството, проширување на светскиот пазар итн., што допуштило експанзија на благосостојба. Општото олеснување од домашната работа и подобрените можности за чување деца, грижа за постари лица итн., им овозможило на жените да работат за плата (Данска го има највисокиот размер што се однесува до чувањето деца во светот). Во истовреме се создало широк јавен сектор каде многу жени биле вработени.8
Стапката на вработеност на жените во Данска, односно процентот на жени на работна возраст кои работат, наеднаш пораснала. Во 1960 година таа изнесувала 33.9%, а на мажите изнесувала 83.6%,9 но од 1981 година таа се зголемила до 70.8 проценти, додека стапката на учество на мажите била 86.8 проценти. Во 1998 година стапката на вработеност на мажи опаднала на 81.6 проценти, додека вработеноста на жените се зголемила до 73.2 проценти.
Во 1967 година, жените броеле 800 000 работнички. Соодветната бројка за 1998 година е 1.3 милиони. Целосната работна сила во истиот период се зголемила од 2.3 милиони до 2.9 милиони.10
Во споредба, соодветните бројки за Велика Британија и САД биле:
1971 во ВБ: жени 42.4%, мажи 80.6%11
1973 во САД: жени 42 %, мажи 75.5%.
1990 во ВБ: жени 50.3%, мажи 70.5%
1990 во САД: жени 54.3%, мажи 72%
2008 во ВБ: жени 56.2%, мажи 68.5%
А во Шведска процентот на жени во работната сила бил: 1975: 42%, 1980: 45%, 1985: 47%, 1990: 48%, 2008: 47%.12
Учеството на жените во работната сила го поставил темелот за еманципација на жените, но само темелот. Поствоеното закрепнување било историски исклучок, а кризите избиле во раните 1970-ти години. Експанзијата на благосостојбата повеќе или помалку стагнирала; условите на јавните вработени лица биле напаѓани година по година. Услови за децата, болните и старите лица се влошиле, што вложило огромен притисок врз жените особено. Капитализмот не создава просперитет за работничките или мнозинството од светското население. Само низ социјалистичко општество можеме да создадеме темел за целосна еманципација.
Забелешки:
8. Во регионите и општините жените бројат околу 75 проценти од работната сила, додека мажите бројат околу 66 проценти од работната сила во приватниот сектор. Во државата мажите бројат 58 проценти. Но, има далеку повеќе вработени во регионите и општините отколку во државата. www.lige.dk
9. Arbejdernes historie i Danmark 1800-2000.
10. ibid
11. Бројките за Велика Британија се сите од Службата за национални статистики, а сите бројки за САД се од Бирото за трудови статистики.
12. Извор: SCB
Автор: Marie Frederiksen
Превел: Мара