Борбата на жените и класната борба (трет дел)
март 10, 2010 од peoplesfriends

Потеклото на нееднаквоста
Марксистите се историски материјалисти. Ова значи дека ние ја разбираме еволуцијата на материјалните услови на човештвото како фундаментални. Енгелс објаснува во „Потеклото на семејството, приватната сопственост и државата“ како угнетувањето на жените е неразрешиво поврзано за класното општество. Во раната човечка историја, луѓето можеле да произведуваат само доволно за себеси за да опстанат без екстра вишок, а оттука нееднаквоста не можела да постои во тоа време.
Ако поделба на трудот постоела тоа било поделба на труд помеѓу половите заснована на биолошкиот факт дека жените за дел од времето биле сврзани со „домот“ поради раѓање деца, доење итн. Точната природа на поделбата на трудот помеѓу мажите и жените во раното примитивно општество не е јасна, но во линија со првиот развој на производствените сили поделба помеѓу полови се појавила. Задачата на жените била, покрај грижата за децата, да собираат корења, бобинки итн., а особено да готват. Задачата на мажите била да ловат, да ја бранат својата територија во војна итн. Многу истражувања покажуваат дека улогата на жените била суштинска за да се опстане и жените уживале голема почит и децата, на пример, биле сметани по линијата на мајката (бидејќи мајката била единствениот родител за што може да се биде сигурен7).
Важно е да се запомни дека општеството на ниеден начин не наликувало на општеството што ние денес го знаеме. Додека патријархатот е општество каде жените се угнетувани, не постои ништо што покажува дека жените ги угнетувале мажите пред патријархатот туку дека постоело меѓусебна почит. Не постоело семејство какво што ние денес го знаеме со мајка и татко; наместо семејства живееле во кланови или генсови и одгледување на децата било заедничка задача за сите членови на општеството.
Со текот на времето луѓето започнале да го развиваат начинот со којшто тие ги обезбедувале своите основни потреби. Тие започнале да ја одгледуваат земјата, припитомуваат и одгледуваат животни. Луѓето започнале за првпат да произведуваат вишок над потребите за основен опстанок. Тоа било џиновски чекор напред. Но, тоа исто така значело дека за првпат нееднаквоста започнала да се појавува. Некои луѓе започнале да имаат повеќе од други, а со тоа се појавило класното општество. Покрај поделбата на општеството во класи, тоа исто така значело нееднаквост помеѓу мажи и жени. Работата што традиционално припаѓала на мажот била онаа што можела да создава вишок, а тоа му дало на мажот надмоќна положба. Тоа исто така значело дека мажот сега сакал да го остави својот имот на своите потомци. Според тоа, семејната линија сега одела од кај машкото, што исто така барало моногамија од жената.
„Уривањето на мајчинското право било светски историски пораз на женскиот пол. Мажот ја презел командата во домот исто така; жената била деградирана и редуцирана на робинка, таа станала робинка на неговиот похот и ништожен инструмент за производство на деца“ (Енгелс, Потеклото на семејството, приватната сопственост и државата).
Угнетувањето на жените се појавило со изникнувањето на класното општество, а оттука борбата за еманципација на жените е нееодделива од борбата против класното општество. Промените во начинот на производство исто така довело до издигнување на државата, а со тоа идеите и облиците на угнетување исто така се промениле.
Забелешки:
7)Исто така еден аргумент против оние кои тврдат дека жените по природа се моногамни додека мажите не се способни да бидат моногамни.
Автор: Marie Frederiksen
Превел: Мара