Борбата на жените и класната борба (прв дел)
март 8, 2010 од peoplesfriends
„Класната борба е борба на жените! Борбата на жените е класна борба!“ Тоа беше паролата во 1970-тите години, посебно на данското феминистичко движење „Црвени чорапи“. Денес, многумина се насмевнуваат малку кога ја слушаат оваа парола, но за несреќа не постои зошто многу да се смее околу тоа. Жените и понатаму се угнетувани и во Данска и во остатокот на светот.
На 100-тиот роденден од усвојувањето на 8-ми март како Меѓународен ден на жените, соодветно е да се заземеме за прашањето на жените во детална расправа во целото работничко движење и помеѓу сите млади луѓе и работници кои бараат праведно општество.
Многумина од левицата ги отфрлија идеите за класна борба. Но, како марксисти ние веруваме дека угнетувањето на жените е неразрешливо поврзано за класното општество. Капиталистите ги користат сите поделби во рамките на работничката класа за да ги нападнат условите на работниците. Борбата против угнетувањето на жените е борба за целата работничка класа, без разлика на полот; единствената сила на работничката класа е во единството и кохезијата.
Ние веруваме дека поврзувањето на ослободување на жените и класната борба е суштинско доколку ние сакаме да се бориме за полова еднаквост и не само за ослободувањето на сето човештво. И сè уште угнетувањето на жените постои овде во Данска. Поблизок поглед во Данска како еден пример, може да нè информира низ искуството на борбата на жените и класната борба така што ние можеме да ја истражуваме причината зошто, наспроти еднаквоста пред законот, пристапот на образование и работа, нееднаквоста и понатаму постои.
Меѓународниот ден на работничките

Во август 1910 социјалистичката конференција на жените усвои предлог да одржува ден на акција за работничките годишно. Во првата година, денот на акција беше одржан во недела во март, но од тогаш беше основан како 8-ми март.
Германската социјалистка Клара Цеткин, водач на Меѓународниот социјалистички секретаријат на жените, ја свика конференцијата и предложи воспоставување на Меѓународен ден на жените. 99 жени од 17 различни земји присуствувале на конференцијата којашто се одржа во Копенхаген во Народниот дом на Јагтвеј 69 (подоцна позната како Унгдомшузет).
Едно од главните прашања на конференцијата беше борбата за правото на глас за жените, што самo многу малку земји го озакониле. Данкињите го освоиле правото да гласаат за градски совети во 1908 година, но само го примиле правото да гласаат за парламентарни избори во 1915 година.
Резолуцијата од Клара Цеткин гласи:
„Во согласност со класносвесните политички и синдикални организации на пролетеријатот во секоја земја, социјалистките во сите земји ќе организираат Ден на жените секоја година. Пред сè, Денот на жените ќе има цел за постигнување универзално право на глас за жените. Ова барање ќе биде на линија со социјалистичкото разбирање на целото прашање за правата на жените. Денот на жените ќе биде меѓународен во својата природа и мора да се подготви беспрекорно.“1
Конференцијата решила дека барањата за денот на борбата треба да биде:
1.Борба за право на глас за жените;
2.Борба против закана од војна;
3.Борба за грижа за мајките и децата;
4.Борба против пораст на цените.2
Првата меѓународна социјалистичка конференција на жените била одржана во Штутгарт во 1907 како увертира за Вториот Меѓународен Конгрес. Во 1889 година втората Интернационала беше основана под покровителство на Енгелс. Германските социјалдемократи, кои играле централна улога во Интернационалата, го воспоставиле веќе во 1890-тите години секретаријатот на жените предводен од Клара Цеткин.
Дотогаш имало релативно слободен проток помеѓу работничкото движење и движењето на жените, кои се сметало дека е транс-политички, но делумно било исполнето со ситнобуржоаски жени. Сепак, во 1907 година работничкото движење решило да го стави прашањето за правото на глас за жените на врвот на агендата и исто така да ја прекинат соработката со „буржоаските“ организации на жените и наместо тоа да водат своја сопствена кампања.
Сега e јасно дека тоа беше работничката класа на жени за која социјалистите се бореле и дека прашањето на жените не може да се раздели од класното прашање и борбата против сето угнетување и за социјалистичко општество.
Ситнобуржоаските жени не го сфаќале прашањето на жените како класен проблем, но верувале дека сите жени имале исти интереси попреку класите. За нив тоа се однесувало за правото да гласат, да се образоваат и, на пример, можноста да станат правници и доктори. Марксистите исто така се бореле за целосна еднаквост пред законот и во образованието итн., но ние исто така објаснуваме дека иако еднаквоста пред законот може да се воспостави ова не значи дека угнетувањето ќе исчезне, како што веќе видовме. За жените од средната класа, тоа значи дека тие можат да имаат образование, да станат доктори итн., но тоа не ги решава проблемите на огромното мнозинство. Марксистите се борат, според тоа, против овој вид на ситнобуржоаски феминизам, којшто не ги сфаќа класните антагонизми и капиталот како непријател, туку наместо ова го сфаќа како општа борба за сите жени против општеството доминирано од мажите.
Марксистите се борат за целосна еманципација на жените, меѓутоа се против феминизам, бидејќи тој е ситнобуржоаска школа на мисла што ги игнорира класните антагонизмите. Во исто време, ние признаваме дека многу добри социјалисти се сметаат себеси како феминисти, и ние сакаме да се бориме заедно со секој кој ќе се бори за еманципација на жените низ социјализам.
Во Данска, синдикатите и социјалдемократите зазеле иста позиција како и Интернационалата и во 1908 година го усвоиле следново:
1.Постои само едно работничко движење. Тоа се занимава со образование на членовите и социјалистичките гласачи.
2.Не постои простор за одделни здруженија на жени во партијата. Постои само простор за синдикати на жени во претпријатија без жени и подредени на централна организација.
3.Пристапот на жените во партијата мора да се олесни. Тие треба да платат половина од придонесите.
4.Движењето на жените и здруженијата на жените (независни од партијата) се непотребни.
Во 1914 година изби Првата светска војна, а таа исто така го распарчи меѓународното социјалистичко движење во две крила помеѓу реформистичко и револуционерно, расцеп којшто понатаму се продлабочил со Руската револуција.

Реформистите верувале дека вие можете да го реформирате вашиот пат до праведно општество преку, на пример, постигнување гласачко право за сите, борба за повисоки плати итн. Тие го браниле капиталистичкото општество и само сакале да го променат постепено. На друга страна стоеле револуционерите, помеѓу другите Клара Цеткин и Роза Луксембург, кои објасниле дека вие не можете едноставно да го промените општеството постепено. Секоја отстапка од капиталистите е борба и ослободувањето не може да се постигне без промена на општеството фундаментално. Тоа беше од почеток револуционерното крило, кое после Руската револуција се основало како Трета комунистичка интернационала, којашто го одржавала прославувањето на 8-ми март како Меѓународен ден на жените.
Забелешки:
1)8 март: Меѓународен ден на жените, од Анета Еклунд Хансен, Библиотека и архиви на работничко движење 2001;
2)”90-årsdagen – ‘ikke det samme som sidste år, James’” од Лене Кјелдсен, www.kvinfo.dk
Автор: Marie Frederiksen
Превел: Мара